Вкусно, меко како душа...Одлично за појадок )))

Се промешуваат сувите состојки, во нив и квасецот, без претходно негово активирање.Се додаваат маслото, јајцата и се замесува со јогуртот. Се меси убаво средно меко, мазно и сјајно тесто. Се премачкува со малку масленце и се покрива со стреч фолија и некоја памучна крпа. Се остава на топло место да го дуплира волуменот, убаво да искисни.

Без премесување, надојденото тесто се дели на 3 дела.Се прават топчиња.
Секое се отвора во кора со големина на тавата во која ќе се пече.Тавата со пречник 28цм се премачкува со масло и се става првата коричка.
Се премачкува нежно со масленце, па кечап и оригано, потоа рендана салама и кашкавал.Се става втората кора од другото топче.Се повторува постапката на премачкување.На крај третата кора од третото топче.Таа не се премачкува со фил.
Се остава на топло место да искисне пред печење, некои 45-50 мин..

Се премачкува со разматено јајце и наросува со оригано.
Се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво порумени, некои 30 минутки или печите према вашата рерна.

Нека одмори малку, покриено со памучна крпа, па сечете и послужете...
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани