Урмите се сечат по должина и се вади семката.
Се подготвува смеса од 250-300 гр мелени ореви, 3 големи лажици шеќер во прав и сок од 1 лимон (не мора целиот сок, се става по потреба, да не биде ретка смесата). Се зема од смесата и се прави форма како семката на урмата, со неа се полни урмата и се поклопува со другата половина на урмата.

Се прави глазура од чоколадо:
Во сад за готвење се ставаат 16 големи лажици млеко, 10 големи лажици шеќер, 2 големи лажици путер и 200 гр чоколадо. Се меша на тивок оган, додека не згусни. По желба се ставаат 2-3 капки зејтин.
Откако е готова глазурата, урмата ја набодуваме на чепкалка за заби и ја потопуваме во чоколадната глазура. Се вади и се става на фолија. Постапката се повторува со останатите урми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани