Летно мезе со модар патлиџан. Превкусно е, на сите ви го препорачувам да го пробате.

1. Најпрво модриот патлиџан го сечеме на кругови со дебелина 3-5 мм. Да не се претенки, но и да не се многу дебели. Ги ставаме на хартија (салфети), ги посолуваме и ги оставаме 15тина мин да ја испуштат водата.
2. Кашкавалот го сечиме на парчиња ( како на сликата )
3. Меленото месо го зачинуваме по желба ( јас ставив сол,бибер, мешан сув зачин, црвен пипер и лута буковска) и го соединуваме заедно со ренданиот кромид. ( кромидот го изрендав да не се чувствува, а му дава многу убав вкус на месото)
4. Земаме две крукчиња од модриот патлиџан со слична големина, на двете ставаме по тенок слој од меленото месо (како ајвар што мачкаме на леб), едно парче кашкавал на средина и ги соединуваме да дојдат како сендвичи. (слика)
Потоа со рацете притиснете рамномерно да се распореди филот на средина и гледајте да не ѕирка кашкавал од страните, за да не истече при поховањето .
5. Постапката ја повторуваме со сите кругови.
Доколку ви остане од месото, пробајте и со кругови тиквичка, но некоја без многу семки.
6. Кога се готови сите ги ставаме во замрзнувач, да се потстегнат малку за да се полесни за работа. (околу половина час или час)
Јас моите ги направив еден ден порано и другиот ден ги поховав и многу се здрвија, па ги чекав да се отпуштат.
7. Корнфлексот го мелиме во сецко или ставете го во кеса и искршете го, да не е многу ситен и да нема големи парчиња.
8. Ги валкаме модрите патлиџани во брашно, па во јајце и на крај во корнфлексот.
9. гГи пржиме на умерен оган на поголема количина врело масло околу 2 мин. да добијат убава боја.
10. Ги ставаме на салфета да се исцедат од маслото и спремни се за сервирање.

Сос
Сосот е најобичен, може да си направите вие каков сакате.
Павлаката ја измешав со лук во прав, копар и лута буковска.

Совет
Ова мезе од модар патлиџан може да го направите пред време и кога ќе ви дојдат гости да ги одмрзните и да ги поховате.
Може да пробате и со пилешко месо.
Исто се убави и со тиквичка, но одберете некоја без многу семки.
Кога ќе ги замрзнувате, не ставајте хартија под нив, бидејќи поради водата која ја има модриот патлиџан ќе се залепи хартијата за нив. Значи директно на чинија.
Јас ги поховав со корнфлекс за да бидат покрцкави, а може и со презла.

Многу се убави, топло ви ги препорачувам на сите.
На здравје !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови