1. Пиперките се мијат и убаво се чистат од семето и дршката.
2. Убаво се мешаат сите состојки за полнење (освен водата, маслото и доматот).
3. Секоја пиперка се полни со по 3-4 лажички од смесата, а потоа се затвора со парче домат (доматот треба да се подели на 8 дела).
4. Вака наполнети, пиперките се редат во тава за печење и се преливаат со мешавина од водата и маслото.
5. Се ставаат да се печат/варат во затворена рерна околу 50 минути (додека да изврие водата), со тоа што на 25 минути од печењето ги превртуваме од другата страна за еднакво да се испечат од двете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови