Особено вкусни полнети пиперки, првпат ги правам ама воодушевена сум од вкусот.

Подготовка
1. Празот ситно го сечкаме и го ставаме да се запржи на масло, на тивок оган.
2. Печурките ситно ги сечкаме и ги ставаме во празот, па и нив ги запржуваме.
3. На крај го ставаме просото и него кратко го запржуваме и ги ставаме зачините. Со оваа смеса ги полниме пиперките и ги редиме во тава. Ги затвораме со парчиња компир или тиквичка.
Правиме запршка на класичен начин.
1. Го запржуваме брашното, дотураме масло, го ставаме црвениот пипер. Промешуваме и оваа смеса ја залеваме со млака вода.
2. Со целата смеса ги прелеваме пиперките, поклопуваме и ги ставаме во рерна на 220 степени да се печат.
3. При крајот го вадиме капакот, да испари вишок од течноста.

Забелешка
За полнење на пиперки најчесто користам ајварка пиперка, повкусни ми се од обичните бабури. Ова е основниот рецепт за вака полнети пиперки, а вие калкулирајте со парчињата пиперки и состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани