Еден начин на прекрасно наполнети печурки.
Јас направив две -три дози, а овде ќе прикажам состав за една доза.
Печурките се вдлабнуваат во делот кај рачката.
Се редат на хартија за печење.
Во сецко се ставаат магдоносот, лукот, маслиновото масло, мешаниот зачин и кромидот.
Се сецкаат на поситно, па се зачинуваат.
Се помешуваат со павлаката и се полнат печурките.
Врз секоја печурка се става парче кашкавал и се печат 30 мин на тивко.
Ова е одлична закуска и добро мезенце.
Пикантниот вкус од лукчето дополнително го подобрува вкусот.
Нам ни се омилени, а вие пробајте и кажете. На здравје

Забелешка
Јас наросив чили во прав затоа што го сакаме тој пикантен вкус.
Останува на вас да одлучите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови