Прво палачинките си ги пржиме на стандарден начин.
Потоа во тава го ставаме маслото па сецканиот кромид, па морковот.
Кратко запржуваме, па го додаваме меленото месо да се пржи.
Доматното пире го раствораме во водата, па ги додаваме зачините и крчкаме на тивко да испари течноста.
На крај ги додаваме шампињоните.
Сега на секоја палачинка, ставаме по 1 лажица од филот, па по 2 стапчиња моцарела, завиткуваме како ролат, па како полжав. Ги редиме едно до друго во тава.
На секоја палачинка ставаме по 1 лажица од претходно подготвениот бешамел сос (по сопствен рецепт) и ставаме по едно парче моцарела.
Ги ставаме во загреана релна и се печат околу 15 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани