Вкусни и декоративни корнети.
Путерот се мати со шеќерот во прав потоа се додаваат мелените бисквити, кикириките, какаото и румот и се меси со рака. Полека се додава сок од портокал додека се добие мазна смеса.
Од филот се полнат корнетите и се ставаат да се стегнат во фрижидер.
Маслото и чоколадото се топат на тивко.
Секој корнет се допира во чоколадо само горниот дел кај што е филот и потоа се валка во крупно мелени кикирики.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови