Колачињата ситно искршете ги и измешајте ги со крем сирењето и неколку коцки рендано темно чоколадо.

Тесто
Во сад ставете го брашното, шеќерот, пецивото, солта и промешајте.
Додајте ги растопениот путер, маслото и млакото млеко.
Замесете го тестото и поделете го на помали топчиња.

Секое топче расплескајте го со рака.
Во средината ставете од полнењето од кекси, крем сирење и рендано чоколадо.
Завиткајте го тестото во топче и благо претиснете со рака.

Пржете ги крофните во длабоко врело масло, на потивок оган.

Испржените крофни извадете ги на хартија за да се впие вишокот мрснотија.

Посипете ги со растопено темно чоколадо и послужете.

Топло ви ги препорачувам да ги пробате, имаат убава крцкава коричка, а внатре се премекички.

Забелешка
Внимавајте пржењето да не биде на многу висока температура, за да не ви останат живи внатре.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани