1. Лиснатото тесто го ставаме на работната површина и со сукало го растегнуваме.
Потоа растегнатото тесто го сечеме на ленти со ширина од 1.5 см. Добиените ленти ги мачкаме со јајце.
2. Лентите ги виткаме околу калапите од долу па нагоре и тоа со страната на јајцето на надвор, меѓутоа ги виткаме на начин што помалку да се преклопуваат, односно јајцето ќе послужи како лепак помеѓу лентите.
3. Печеме на загреана рерна 180 степени додека не позлатат. Нашиот конус е подготвен за крем.
4. Подготовка на кремот од шунка
Во блендер ја ставаме шунката, свежото сирење и босилекот и се мати за да се добие густ крем. ( јас додадов и малу солена свежа павлака) Се става сол и бибер.
5. Конусите ги полнеме со помош на шприц за полнење.
6. Откако ќе ги наполнеме конусите, го приготвуваме зеленчукот за украсување.
Морковот и целерот ги сечеме на ленти, прилично тенки, а доматот на мали коцки. Боранијата ја чистиме и ја ставаме малу да се подвари. Украсуваме со нане.

Додека да ги послужите ставете ги во фрижидер.

- Можете да ги наполнете со каков крем и да сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови