Прво, скоро исти по големина компири ги лупиме, ги сечиме на половина, миеме, налеваме вода, малку сол и ги вариме околу 8-10 минути.
Не смеат да се преварат, туку да останат цврсти, малку живи.
Потоа под млаз ладна вода ги миеме.
Со помош на алатка им ја одстрануваме средината.
На загреано маслиново масло го пржиме сецканиот кромид, па ги додаваме свежите сецкани шампињони.
Пржиме додека испари сокот од шампињоните, па го додаваме сецканиот димен колбас.
Пржиме кратко, додаваме зачини.
Тргаме од оган.
Оставаме малку да се излади смесата, па ја додаваме срцевината што сне ја извадиле само од два компири. (по желба може да се додаде и цел компир кој е останат)
Ја додаваме киселата павлака соединуваме.
Со оваа смеса ги полниме вдлабнатините на компирите.
Ставаме во загреана рерна и печиме одприлика од 25-30 минути.
Пред крај ја вадиме тавата од рерна, посипуваме врз нив рендана гауда и враќаме во рерна уште 7-8 минути.
Наросуваме свеж магдонос и го послужуваме ова исклучително вкусно топло предјадење
Наместо кромид, може да се користи и праз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани