Малку различно да е..
 
- Тиквата се отвара сечејки го горниот дел кај рачката, но отворот не би требало да биде голем. Со рака исчистете ги семките и внатрешноста на тиквата.
- Побрашнете ја тиквата во внатрешната исто како кога побрашнуваме плехче.
- На тивок оган стопете го шеќерот во карамел, внимавајте да не ви прегори, додека е во течна состојба излијте на дното од тиквата малку протресете за да се подели и на зидовите. Тоа се работи побргу. Замотајте ја тиквата во фолија.
Крем карамел
- Се матат јајцата со шеќерот, но не во густа пена, се додава млекото и ванилите. Се размешува уште малку, се трга, се налева од добиената смеса во тиквата до самиот врв.
- Внимателно преместете ја тиквата во подлабок сад наполнет со вода која ќе биде до ниво на едно два прста до самата висина на тиквата. Покријте со одсечениот дел кој ќе ви послужи како капак, а после извесно време при самиот крај тргнете ја како би се испекол и одозгора кремот.
- Ставете во загреана рерна на 160-170 степени да се тивко вари-пече најмалку околу 2 часа. Кремот е печен кога на допир со раката ќе осетите дека тој е доволно густ и цврст
- Кога е готова извадете ја веднаш од водата, оставете до потполно оладување, а потоа сечете и уживајте во овој убав спој на вкусови.
Напомена
- За време на печењето на тиквата нивото на кремот се намалува од претходно ставен во тиквата, бидејки од самиот крем останува малку, слободно отворете и долијте, затворете ја рерната и нека продолжи да се пече.
- Кремот не го матете премногу за да не ви се направат шуплини при печењето.
- Во никој случај не ја сечете додека е топла, мора потполно да олади.
- На мене ми остана од самиот крем, го поделив во мали садчиња, истовремено го ставив во рерната да се потпече кремот.
- Додека е тиквата со кремот во рерна, повремено надгледувајте. Ако водата премногу силно врие, намалете температурата или едноставно подотворете ја малку рерната и пак затворете.
Крајно благодарна сум на Ивана Крстева - рецептот е нејзин, го правев точно како што препорача таа - а јас овде го пренесов,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани