1. Од наведените состојки се замесува средно меко тесто и се остава да стаса.
2. Стасано се дели на 8 топчиња и секое се расукува во големина на тањирче. Шест од нив се премачкуваат со путер. Се редат на две места, на едното 3 корички, а на другото 5 и се оставаат во фрижидер да одстојат околу ½ час (најгорните корички не се премачкуваат со путер).
3. Младиот кромид се сецка и потпржува на малку масло, се додава урдата и таа се потпржува додека не испари течноста. Се трга од оган се додава сол и бибер по вкус и кога ќе се подолади се вмешува едно јајце.
4. Спанаќот се сечка ситно и се потпржува на масло додека не му испари течноста. Се зачинува со сол и бибер.
5. Пиперките се печени, излупени и добро исцедени.
6. Се зема тестото од фрижидер и помалото, со три корички, се расукува во големина да го покрие дното и страните на калап со димензии од 20 см.
7. На дното прво се става сувомеснатото, врз него дел од урдата, потоа се редат во круг варените јајца, врз нив остатокот од урдата, потоа спанаќот, уште еден ред сувомеснато и црвените пиперки.
8. Поголемиот дел од тестото(со 5 корички) се витка во ролат и со остар нож се сечат парчиња. Парчињата малку се притискаат со рака и скалесто се редат врз наполнетата погача.
9. Колачот се премачкува со изматено јаце и се пече околу 40 мин на 180Ц или во согласност како пече вашата рерна. Доколку во текот на печењето приметите дека кората премногу потемнела, покријте со фолија и допечете ја погачата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани