Месото измијте го со ладна вода и исушете со кујнска хартија. Исечкајте го на коцки па ставете да се потпржи на малку зејтин. Посолете го, но внимавајте со солта бидејќи зелката исто така е солена.
Зелката исечкајте ја на тенки резанци. Во едно поголемо тенџере ставете ја маста да се загрее. Ставете ја сега зелката да се испржи убаво на маст. Пржете додека испари водата што ќе ја пушти зелката. Додатете буковецот, биберот и ловоровиот лист. Ставете го и запрженото месо во зелката, убаво промешајте и сето тоа префрлете го во земјена тава со капак.
Ставете ја тавата во рерна, вклучете на 170 степени да се пече. Повремено промешувајте го подварокот за да не се запече само одозгора. Се пече околу 1,5 час. При крајот, тргнете го капакот и оставете подварокот одозгора малку да се запече.

Дел од месото може да го замените со пушено месо, така подварокот добива уште подобар вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани