Во млакото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно за да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме сите останати состојки, павлаката, жолчката, солта, сирењето, маслото и двата вида на брашно.
Замесуваме средно, нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Потоа од втасаното тесто расучуваме правоаголна кора, која танко ја премачкуваме со свинска маст.
Завиткуваме како ролат.
Сега ролатот го сучиме во правоаголна форма и со помош на алатка вадиме погачици. Ги редиме во плех, ги премачкуваме со белка, киснат 10 минути и ги печиме 15 минути на 200 с.
Топли се крцкави и многу вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани