Бев испровоцирана од прекрасните рецепти на Ива и Вале со спелтино брашно, па еве го за прв пат и во мојата кујна.
Презадволна сум.
Добив погачици лесни како пердув.
Прво во млаката вода го ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно.
Оставаме да се активира.
Тука ги додаваме маслото, солта и јајцето.( јајцата ми беа мошне големи и затоа го поделив.До колку имате помали тогаш ставете едно цело јјаце).
Го додаваме просеаното млеко во прав, па спелтиното брашно.
Ова сето може да се меша со дрвена лажица, или тоа задоволство јас му го одстапив на апаратот за леб.
Сега го додаваме белото брашно.
Месиме подолго, околу 15 минути.
Тестото ќе биде прилично лепливо.
Во една мала чашка ги ставме тие 15 мл масло.
Ја потопуваме шпатулата во него и цело тесто го поминуваме одозгора.
Го покриваме и оставаме на прилично топло место, да нарасне дупло.
Сега јас оваа количлина на тесто ја поделив вака.
Во калап за мафини, на дното наросив по малку брашно, и со помош на намастена лажица ставав по една лажица во секоја дупка( 1/3 се наполни).
Направив 10 погачици.
Со остатокот на тесто само го истурив во долгнавест калап обложен со хартија и го израмнив малку.
Значи може тестото да се подели во 2 калапи за леб, или да се направат 20-22 погачици.
Значи ништо не оформуваме со рака, туку ставаме со лажица.
Оставаме на топло да киснат 30 минути.
Премачкуваме со половината јајце, наросуваме лен и печиме во загреана релна на 200 степени од 15-20 минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат, па ги сервираме.

До колку се меси рачно тестото, не додавајте плус брашно, туку само превртувајтего со помош на лопатка, лажица, шпатула....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани