Погачата со лук најчесто се користи заедно со популарната супа во Русија која се вика Борш.

1. Брашното, солта, шеќерот и квасецот се мешаат. Се додаваат масло и млака вода и се меси средно тесто, потоа се чека да стаса. Стасаното тесто повторно го размесуваме и пак чекаме да стаса.
2. Од стасаното тесто правиме 12 топчиња кои се редат во тавче бр. 24 обложено со масло и брашно. Се чекаат 15 - 20 минути за да постојат.
3. Пред печењето топчињата се попрскуваат со топла вода и се печат на 200 степени додека се заруменат.
4. Толчениот лук се меша заедно со масло и сув магдонос и оваа смеса се нанесува врз испечената погача додека е жешка. Се покрива со крпа додека се олади.

Лукот може да се користи по потреба зависно од вкусот, а наместо сув магдонос може да се става свеж магдонос или копар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани