1. Во еден сад-мерица со жица се матат јајцата и потоа во неа се дотура млеко да се дополни до ознаката за 500 мл. Ова се тура во вангличе за месење.
2. Се додаваат маслото, издробениот свеж квасец, солта и шеќерот, се доизматува со жицата.
3. Постепено се става просеаното брашно, се меси и се додава колку е потребно до добивање на средно меко тесто. Тестото се остава да кисни 10 минути.
4. Потоа се рассукува кора и се вадат кругови со округла модла со дијаметар 8 см.
5. Се мати јајцето и во него се додава сирење онолку колку е потребно да се добие густ фил. Од филот по малку се става на средина на секое кругче.
6. Секој круг со фил поединечно се свиткува на половина, се притиска на краевите и се прави форма на уста. Секое кругче од тесто се реди во намрсена тава бр. 34 во распоред на цвет, се премачкува со јајце и се роси со сусам, потоа пак се остава да нарасне убаво.
7. Потоа се пече во загреана рерна на 200 степени 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани