Лична, мека, вкусна погача за појадок

Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и оставаме да се активира.
Потоа ги додаваме маслото, јогуртот, солта и убаво соединуваме.
Сега малку ги матиме двете јајца и оставаме на страна само за премачкување, а остатокот го ставаме во вангличката.
Постепено го додаваме брашното, значи не цело оддеднаш и замесуваме мазно тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Го истураме на маса и сечиме една третина од тестото.
Останатите 2/3 ги сучиме во правоаголна кора.
Половина ја роламе како ролат и ја сечиме по должина.
Ја ставаме во средината на останатото парче.
Од двете страни правиме засеци, не до крај, како на сликата на растојание од 1-2 цм.
Потоа превиткуваме лево, десно, лево, десно.... на тоа парче во средината.
Формираме круг и го поставуваме во тава бр 24 во која има хартија за печење.
Од остатокот на тесто, правиме топче, го ставаме во средината
Го премачкуваме со јаjце и наросуваме чурекот..
Со остатокот на парченцата тесто правиме и мрежичка во средината.
Цела погача ја премачкуваме со одделените јајца.
Кисни 20 минути па ја печеиме во загреана релна на 200 с. околу 25 минути.
Ја вадиме на решетка да се излади.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани