Во топлата вода ги ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа ја додаваме солта, жолчката, маслото, млекото.
Убаво сета смеса ја соединуваме.
Го ставаме хељдиното брашно, месиме и додаваме бело брашно.
Треба да добиеме нелепливо тесто, количината може да варира, оценете сами.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Земаме округла тава бр 26 на делимано.
Од втасаното тесто во средината на тавата ставаме една топка, со големина на јајце.
Сега од тестото кинеме парченца со големина на орев, 6 на број и ги редиме околу округлото топче во средина на тавата.
Остатаокот од тестото го делиме на 2 дела, со тоа што едниот нека ни биде за нијанса поголем.
Од секој дел вадиме по 6 топчиња.
Ги расукуваме во мали корички, засекуваме на неколку пати и виткаме кифла.
Ја ставме околу малите топчиња тесто во тавата.
Така постапуваме со сите 6 топчиња тесто.
Постапката е иста и со поголемите топчиња тесто.
Ја формираме белата рада како на сликата.
Оставаме да кисни 20 минути, ја премачкуваме со белка, по малку одозгора ставаме маст, во средината наросуваме чурекот и печиме во загреана релна околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани