Прво во еден сад налеваме вода, малку млеко, сол и го ставаме карфиолот исецкан на цветови.
Вариме додека омекне и го процедуваме.
Потоа со алатка за пире го гмечиме.
Јас си ја завршив работата со Нутриибулет.
Сега во еден сад ги соединуваме сите состојки, јајцето, исецканото кромидче, трошките, брашното, пецивото, зачините, карфиолот.
Убаво изедначуваме.Оставаме смесата малку да се излади и да се стегни.
Сега земаме од смесата на дланката, во средината ставаме коцка чедар сирење и формираме плескавица.
Ги валкаме прво во брашно, јајце, презла.
Пржиме на умерен оган и послужуваме со мајонез, павлака, малку власец.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани