Ова е една прекрасна торта- колач, со интересно име Пишингер. Овој рецепт ми е од мојата баба, која редовно го правеше овој колач кога и доаѓавме на гости. Овие малце заборавени стари рецепти, мислам дека вреди да се обноват и запишат, за да може секој да ги проба и направи. Пишингер торта и рецепт имате и на самото пакување на обландите, но сосема различна е подготовката за разлика од овој.

1. Млекото и шеќерот се ставаат на многу тивок оган да се варат околу 2 часа. Треба да се добие погуст крем, со боја на светол карамел.
2. Се остава смесата малце да се олади и во неа се додават мелените ореви и убаво се промешува. Бисквити додавајте пополека по потреба, за да добиете густа смеса, како за палачинки. На крај се додава и чоколадото на коцки и се меша додека да се стопи и соедини.
4. Обландата ја ставаме со порамниот дел одоздола, а со подлабоките вдлабнатини одозгора. Прелеваме со филот и убаво распоедуваме. Постпката се повторува со сите обладни. Последната ја ставаме обратно и не ја прелеваме со фил.
Врз обландите ставаме рамен сад и одозгора тешки книги, за да убаво се израмнат обландите и филот и да добиете рамна торта.
5. Подгответе ја глазурата со мешање на темното чоколадо и слатката павлака, на потивок оган. Слатка павлака се додава за да не пука чоколадото при сечење.
Глазурата се прелева рамномерно врз целата торта.
6. Се топи белото чоколадо на пареа. Се става во кесичка или фишек и се прави мал отвор. Се прават паралелни линии низ цела торта. Си помош на чепкалка, надолжно се поминува во паралелни линии еднаш нагоре, потоа надоле и ќе ја добиета таа интересна форма и шара.
7. Сечење на колачот - најлесен начин да исечете идеални правоаголни колачи е со помош на решетката од рерната. Ставете ја врз тортата, убаво притиснете и со мал и остар нож или скаплел следете ја линијата на решетката. Потоа свртете ја обратно решетката и сечете преку една линија, за да добиете правоаголници.
Овој начин на сечење ќе ви помогне и за многу други колачи, за кои ви треба прецизно исечени и идеални коцки или правоаголници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови