Брзи, вкусни и едноставни за утрински појадок.
Во длабок сад се става јогуртот, солта, шеќерот, содата и брашното. Од ова се замесува меко тесто кое се остава малку да одмори. Тестото убаво се двои од садот и не се лепи. Се дели на 12 топчиња зависи од големината на тавата во која ќе пржите.
Се сука топчето се ренда сирење или по ваша желба. Се преклопува и пак се сука да дојде во величина на тавата за пржење. Се прават сите пишии, па потоа се пржат.
Може да бидат и без ништо внатре пак се вкусни. Во тавчето се става малку масло (околу 1 лажица) и се пржи 1мин од едната страна и 1 минута од другата страна.
Се ставаат пишиите на чинија и се покриваат со салфета.
Се сечи на четвртинки и се служи со сиренце, ајвар, лутенка и јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани