Меки и вкусни пецива, идеални за прослави.

Во подлабок сад ставете ги просеаното брашно, јајцето (малку сматено), квасецот, шеќерот и солта (по работ на садот). Со млаките млеко и јогурт замесете тесто. На крајот додадете го и маслото и месете се додека не го прими тестото. Ќе биде меко, ама нема да се лепи на раце. Садот покријте го со проѕирна фолија па со крпа и оставете го тестото да стаса.

За тоа време спремете го филот. Кашкавалот изрендајте го или исечете на помали парчиња ако е сецкан, шунката на четвртини, пачурките на ливчиња, а маслинките на четвртинки.

Стасаното тесто малку премесете го, поделете го на 2-3 дела и од секој расукајте кора од околу 5мм. Со чаша вадете кругчиња од околу 8см и редете ги во плех обложен со хартија за печење. На секоја пица ставете кечап, кашкавал, парче шунка, лист печурка и 1/4 маслинка.

Печете ги на 220 степени додека не поруменат малку.
Од оваа доза мене ми излегоа околу 80 мали пици.

Пријатен апетит!

Забелешка
Квасецот кој јас го користам е за 1 кг брашно. Ако користите сув квасец кој е за 1/2 кг брашно, ставете 2 пакетчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани