Малку поинаков рецепт за вид на пица од оние подебелите кои мене искрено повеќе ми се допаѓаат заради мекоста на тестото.
Потекнува од Палермо и многу често се спрема во сите делови на Италија.
Овде велат, како што е класичната пица за Наполи тоа е Сфинчонето за Палермо.

Тесто
Квасецот растворете го со шеќерот во млаката вода.
Додајте го во брашното и почнете со месење.
Додајте го маслиновото масло и при крај на месењето додајте ја солта.
Тестото треба да биде многу меко и скоро лепливо.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да стасува 4 часа.

Доматна салса
Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го кромидот исечен на тенки кругови.
Ставете малку вода и пржете на тивок оган
Откако кромидот ќе почне да омекнува додајте ги пелатите испасирани со вилушка.
Посолете и оставете на тивок оган 10-тина минути.

Откако тестото убаво ќе стаса, со раце развлечете го во правоаголен плех премачкан со масло.
Одозгора ставете ги инчуните и ренданиот кашкавал.
Нанесете ја доматната салса со кромид.
Одозгора посипете со оригано и неколку лажици лебни трошки.(Јас не мерев колку ставив, битно е да има што повеќе).

Покријте со крпа и оставете да стасува уште 40 минути.

Печете на 200 степени околу 30 минути.

Додека е уште топла пицата посипете со рендано пекорино.

Совет
Бидејки се работи за многу меко тесто, нагласувам дека треба да се обрне внимание при печењето за да тестото не се исуши при самото печење.
Затоа после 25 минути проверете и зависно од вашата рерна допечете по потреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани