Прекрасен хроно појадок, кој се подготвува брзо и лесно и нормално е со најпрекрасниот пица вкус!

Зависно од тоа колку пица пакетчиња сакате да направите, толку и состојки ви се потребни. Оваа количина е доволна за 1 убав и богат доручек.

1. Земаме една хељдина кора и ја премачкуваме со растопен путер, само една половина. Преклопуваме до пола. Премачкуваме уште еднаш до половина и преклопуваме, за да добиеме облик на правоаголник.
2. Во средината премачкуваме со доматен сос или може да се стави и ајвар или лутеница, по избор.
3. Врз него ставаме печеница и кашкавал.
4. Страниците ги преклопуваме и виткаме во пакетче.
5. Во тава на тивок оган се ставаат пица пакетчињата да се пржат. Се пржат на тивко, за да не изгорат. Превртуваме од другата страна одкако ќе заруменат.

- Ако не сте на хроно, слободно користете обични бели пченични кори, вкусот повторно ќе биде одличен!
-Наместо печеница, може да си замените со друго сувомеснато по избор.
-Изборот помеѓу кашкавал и моцарела е во зависнот дали сте во ресрикција или надвор од рестрикција!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови