Декоративна пица во вид на венец која не е многу комплицирана за подготовка, а со малку трпение и состојки секој според својот омилен и навикнат вкус на пица, ќе ви се допадне како и нам крајниот вкусен резултат.

1. Со состојките за тесто освен царевното брашно се замесува тесто кое е средно меко и не лепи. Се остава десетина минути да одмори.
2. Потоа на набрашнета подлога, со оклагија се развлекува округла кора која се става во тавче бр. 30. На дното на тавчето претходно се става царевното брашно кое на пицата и дава крцкав вкус и не дозволува нејзино лепење за дното.
3. На празниот средишен дел на тестото се става некакво округло садче (овде е со дијаметар од 9 см), па околу него на тестото се става кечап, оригано, кашкавал, коцки салама, печурки и по желба зелена свежа пиперка.
4. Средишниот празен дел се засекува како на дополнителната слика и се добиваат 8 триаголничиња, и секое нежно се подистргува и се преклопува до надворешниот раб на тестото.
5. Во делот каде се гледа филот се става чајната, маслинките и по потреба уште кечап и оригано.
6. Преклопените триаголници се премачкуваат со жолчка и се наросува со малку афион.
7. Се пече на 200 степени 25-30 минути или малку повеќе зависно од рерната.

Како што напоменав погоре, може да се стави се според вкусот - сушена печеница, чадено пилешко филе, зачини по вкус, црни маслинки ...
На здравје и пријатен тек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани