- Во сад во кој ќе месите одмерете го брашното, додадете ја солта, шеќерот и сувиот квасец и измешајте.
- Јајцето лесно со вилушка изматете го, додадете го јогурот, ставете кај брашното и почнете да месите, притоа додавајки си за цело време од стопената маст. Ќе добиете не многу меко тесто, но убаво за работа. Покријте и оставете да стаса.
Фил
- Изронете или изрендајте го сирењето, во него ставете дел од јајцето, а еден дел оставете за премачкување.
Оформување
- Стасаното тесто размесете и поделете го на 6 еднакви дела. Сплескајте со раката да направите мала кора, на средината ставете од сирењето, соберете ги краевите од коричката кон средината и пак направете топче. Така направете ги сите шест дела од тестото. Првото кое го направивте повторно со рака сплескајте го да добиете кора (не многу голема - обична питулица) ставете во плехче послано со хартија за печење. Така направете со сите.
Покријте и пак нека стасаат, премачкајте со остатокот од јајцето кое го одделивте и посипете со семе. Ставете да се пече на 200 степени претходно загреана рерна.
Овие питулици од самиот јогурт, но свој придонес има и свинската маст, се меки и со многу убав вкус.
Напомена
- Наместо сирење можете да ставите урда, јас денес ставив баш така - урда.
- Кога го делам јајцето повеќе од белката ставам во сирењето, а повеќе жолчка оставам. Ова едно поделено јајце е доволно и за филот и за премачкувањето.
- Немањето на јогуртот го заменив со цврст јогурт. Можеби и од него ми се баш шмекасти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани