- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, солта и пецивото и измешајте.
- Додадете го кефирот и замесете тестото, покријте и оставете го да одмори 15 мин.
- Потоа поделете го на топчиња во големина која ќе си ја изберете вие притоа земајки во предвид дека внатре ќе им се стави фил.
- Расукајте помала кора, ставете на средината рендан кашкавал или сирење во кое доколку сакате можете да ставите и сецкан магданос. Соберете ја кората собирајки ги страните кон средината,  формирајте повторно топче и оставете настрана. Така напрвете со сите добиени топчиња. Откако сте ги оформиле, почнете од првото оформено топче да сукате и повторно направете кора.
Пржете во не многу длабоко масло (нормално како за секоја тиганица што ја пржите) .
Ќе имате брзо приготвен појадок или закуска.
Напомена
- Зависно од брашното,  ако не може со одредената количина да измесете тесто, додадете уште малку од кефирот. Ми се има случувано, но најмногу сум додавала до 50 мл. Поделени ни се мислењата - ги сакам со сирење измешано со магданос и сосема малку лукче, а подмладкарите ги сакаат со кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани