Од состојките за тесто замесете го тестото со постепено додавање вода.
Оставете го да нарасне. За тоа време подгответе го филот.

Киселата зелка пресечете на ја помали делови. Доколку сметате дека е многу солена, оставете ја во вода, 10ина мин. На тој начин ќе излезе вишокот сол. Доколку повторно е солена, повторете ја постапката додека не добиете соленост по ваш вкус.
Исцедете ја убаво зелката, исецкајте је ситно и пржете ја на масло додека водата не испари.
Нека се олади и додадете ги јајцата. Јајцата се додавааат на оладен фил за да не се згрутчат од топлината, туку да се испечат при печење на питата.

Тестото премесете го и поделете го на два дела (едниот малку помал). Поголемиот дел рассукајте го и нанесете го на тавата, сипете го филот и над филот ставете го помалиот рассукан дел.

Печете 30ина мин на 200 степени, да зарумени тестото.
Доколку сакате над горната кора можете да ставите парчиња путер, маст или масло пред печењето.
Тестото може да го замените со готови кори, доколку така ви е полесно. Нам дома филот ни беше преубав и мислам дека крцкавоста на готовите кори ќе ја дополни магијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани