Питата ја скроив сама по моја мерка, за вкус нема дискусија варијации по избор.
Од наведените состојки за тесто се подготвува истото само најпрво се топли млекото и во него се става путерот да се истопи, се замесува средно јако тесто и се остава 20 тина минутки да се одмори.
Округла тава до дијаметар 28 см. се прекрива со хартија за печење, се дели тестото на два дела две третини се сукаат колку дното на тавчето и малку пошироко да опфати уште 1,5 см нагоре.

За подготовка на филот потребно е само павлаката да се промеша со јајцето, сол, се става вргањ, се истура врз тестото во тавчето кое претходно го бодиме со виљушка со цел подобро да се изврие, над филот се реди кашкавал на ленти.
Од она тесто кое остана се сука и се сечи на лентички со ширина од околу 1,5 см.се распоредува накрсно над филот, се премачкува белка и се роси сусам. Се печи на 180 во загреана рерна убаво да зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови