Подготовка
- Тиквичката изрендајте, посолете и оставете на страна да одстојат, а потоа добро истискајте ги од течноста која ја пуштиле.
- Кашкавалот изрендајте, а сирењето исецкајте на коцки
- Со миксер изработете ги јајцата, додадете млекото и маслото и измешајте. Додадете го брашното измешано со пецивото, измешајте, потоа додадете ги тиквичките, измешајте, на крај додадете го ренданиот кашкавал и коцките сирење. Внимателно измешајте, досолете на вкус и ставете бибер. За солта внимавајте да не пресолите земајки во обзир дека има веќе сирење и кашкавал.
- Вака добиената смеса истурете во модла постелена со хартија за печење. Ставете да се пече на 180 степени околу 45 мин. зависно од рерната. Впорчем, се познава кога е печена, рабовите се одвоени од модлата и е убаво заруменета.
Печена малку нека постои, а потоа извадете на решетка, покријте ја одозгора и дозволете да подолади како би можело да ја убаво исечете бидејки од тиквичките сепак таа е малку со повлажна структура внатре и затоа е потребно да олади.
Јас печев во најмалата ростер тава, а можете и во модлите за срнечкиот грб, во тавче бр. 24 најмногу до 26.
Да ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани