Тенка убава и мнооогу ароматична пита со рибизли, идеална за посниве денови.

1. Брашното, шеќерот, ванилинот, пецивото, маслото и водата се промешуваат. Потоа се меси тесто и се остава да се одмори околу 20тина минути.
2. Исчистените рибизли се промешуваат заедно со шеќерот.
3. Тестото се дели на два дела ( едниот поголем, другиот дел е помал).
4. Тавче бр. 24 се премачкува со масло и се набрашнува, потоа се сука поголемиот дел од тестото и се става во тавчето и се прави обрач.
5. Врз тестото се редат рибизлите, а одозгора се покриваат со помалиот дел од тестото, кој што исто така тенко се сука во форма на круг.
6. Питата се премачкува со масло и се пече на 180 степени околу 35-40 минути.

Доколку немате свежи рибизли може да се искористат замрзнати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани