Многу добра пита посебно за љубителите на риба :)

1. Фил. Оризот се вари и се цеди од водата и се лади. Кромидот се пржи додека не се омекне, а рибата се гмечи со вилушка. Потоа сите овие состојки се помешуваат и се посолуваат.
2. Јајцата, јогуртот, павлаката, солта се мешаат, потоа се додаваат пецивото и брашното и со миксерот се мати до изедначување на смесата.
3. Во тава бр. 24 се става пекарска хартија и се става половина од тестото, потоа се реди филот и се покрива со другата половина на тестото.
4. Питат со риба се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

За рецептот може да се користи секоја риба конзерва.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани