Како си ја замислив питава, така си ја направив и бевме презадоволни.
Убав богат фил, сокриен меѓу тeнки кори од ржано и бело брашно.
Јас ставив малку квасец, а доколку сакате да ви биде “полебеста”питава, ставете повеќе квасец.

Во еден сад ги ставаме топлата вода, шеќерот, квасецот и малку брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Сега во вангличката ги ставаме солта, маслото, жолчката, млекото, ржаното брашно.
Убаво сето го соединуваме.
Сега со постојано месење го додаваме белото брашно, не цело оддеднаш.
Месиме мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да одмори 15 минути.
За тоа време го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз околу 10 минути.
Го зачинуваме обилно со црн пипер и сол.
Тука го додаваме бланшираниот, исцеден сецкан спанаќ.
Втасаното тесто го делиме на 9 топчиња.
Секое го расукуваме во мала коричка.
Ги редиме на три места по три корички.
Значи земаме коричка, танко ја премачкуваме со путер, врз неа ставаме пак коричка, тенко ја ппремачкуваме со путер и одозгора уште една коричка.
Постапката е иста и со другите корички.
Сега го земаме првото купче и го расукуваме во голема округла кора, која ја поставуваме во тава за пица на делимано.
Врз неа ја ставаме половината количина на подготвениот фил.
Одозгора ставаме коцкички фета сирење.
Сега го сучиме и второто купче кори, со иста големина на тавата и ја ставаме врз филот.
Пак ја ставаме втората половина на фил, и ставаме коцки фета сирење.
Покриваме со третата расучена кора.
Нежно краевите малку ги притискаме, премачкуваме со белка, наросуваме лен и оставаме да одмори 15 минути.
За тоа времме ја загреваме релната и печиме во загреана релна на 190 степени околу 20 минути.
Послужуваме топла со кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани