Едноставна, вкусна која освојува од прв залак.

Најпрво се прави тестото каде сите состојки се мешаат и се замесува глатко тесто. Ова тесто се дели на 2 дела. Од првиот дел се плеска тестото во длабок плех 20х30см. Врз него се става филот со јаболката, а потоа се става рендано тесто. Се печи на 180С-40мин.
Фил
Се матат белките во цврст снег. Потоа се додава шеќерот, Постепено се додаваат ренданите јаболка кои се поросени со цимет и оревите. Се меша со шпатула полека.

И после 4 дена е убав колачот. Меко и пријатно тесто кое потсетува на питата од детството.
П.С.
Чував колач за комшиката да го проба, затоа стоеше скриен во фрижидер 4 дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани