Прво пригответе ги сливите - измијте ги, исечете на половина, извадете ја семката и измешајте ги со сите состојки - зачини и румот. Оставете ги на страна да стојат се додека не се формира колачот.
Тесто
- Измешајте го брашното, шеќерот во прав, солта, пецивото и ренданата кора од лимон. Путерот исецкајте го на помали и потенки парчиња, ставете го кај брашното и почнете да месите. Ќе добиете ронливо тесто.
Јајцето со вилушка лесно разматете го, додадете го и почнете повторно да месите. Треба да добиете убаво компактно тесто. Замотајте во фолија за свежо одржување, ставете во фрижидер да се стегне, а за тоа време пригответе го филот.

Крем
- Од млекото издвојте 50 мл. и во него ќе го растворите пудингот, а остатокот ставете го во касерола заедно со шеќерот да се загрева на не многу јак оган. Откако ќе зоврие, тргнете настрана, (Ова за да не ви се направат грутчиња) истурете го разматениот пудинг, промешајте, вратете на оган, сварете густ пудинг. Тргнете го, покријте да не фати кора и нека олади. Во млак пудинг додадете ја павлаката и со миксер изработете убав крем.

Формирање на колачот
- Извадете го тестото од фрижидер и од него издвојте 1/3 , а останатите 2/3 ставете на работна површина и исукајте кора поголема од модлата број 26, како би имало тесто и за обложување на ѕидовите. На дното од модлата ставете хартија за печење, а страниците лесно ги подмачкајте со путер. Убаво распоредете го тестото по ѕидовите на модлата, треба да е повисоко, да е обложен до 1-2 см. до висината на ѕидовите. Во веќе поставеното тесто ставете го кремот, а врз кремот наредете ги сливите кои за времето додека стоеа путшиле една убава ароматна течност. Сокот истурете го врз нив.
Од останатата 1/3 од тестото расукајте кора и со модла за колачи или помала и поголема чаша вадете форми, редете врз сливите, водејки притоа сметка дека не треба да биде скроз покриено одозгора како би можела течноста од сливите да испарува.
- Печете во претходно загреана рерна највеке од 160-170 степени се додека убаво не зарумени тестото. Извадете го и нека олади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер да се лади како би бил податлив за сечење. При служењето посипете со шеќер во прав.
Од мене драги мои толку за оваа ароматна сливова пита... јас и тие покрај мене уживаа.. задоволство ми беше да ја направам питата и овде поставам, а за целото тоа сум крајно благодарна на Андреја.
-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани