Вкусна пита со убаво и богато полнење.
Кромидот се лупи и се сече на поситни парчиња. Се става да се пржи на загреан зејтин. Компирот се лупи и се ренда на покрупната страна од рендето.
Одкако ќе се запржи кромидот се додава изренданиот компир и се пржи целата смеса. Се додава и сончогледот и смесата се пржи околу 10минути. Се зачинува со бибер и мешан сув зачин и се трга настрана да се подолади. Кон млаката смеса се додава урдата и двете белки и филот убаво се изедначува.
Се зема од корите една се попрскува со зејтин, над неа се реди друга кора и врз неа се става од филот. Прво се става на работ а потоа се расфрла низ целата кора. Се рола и се реди во намастен плех. Се постапува со сите кори на ист  начин.Питата се сече на парчиња и се налева со преливот.
Се пече околу 30-40 минути на 200степени. Ако зацрвени одозгора се покира со хартија убаво да се испече компирот.
Ако сакате да го скратите времето на печење компирот може претходно да се свари, но вкусот ке биде поразличен. Кога компирот се ренда жив тогаш питата е поровита.
Парчињата од оваа пита се побогати со фил и убаво изгледа кога се послужува и ладна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани