Чашата е од 200 мл.
Секој ролат се прави од 3 кори.
За смесата за премачкување изматете ги јајцата, додајте го млекото, маслото, брашното и пецивото и убаво измешајте. Ставете и сол ако не ви е солена изварката.
Наредете три кори една над друга а секоја кора премачкајте ја со четка со по 2-3 лажици од смесата. Наросете од изварката преку цела кора и завиткајте ги во ролат. Ролатите редете ги во тава или плех од шпоретот. Јас направив 5 ролати.
Со четче премачкајте ги ролатите одозгора со смесата што ќе ви остане. Наросете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 180 степени додека не заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови