1. Од состојките за основата се замесува тесто, се завиткува во фолија и се остава настрана.
2. Во еден сад се ставаат состојките за млечниот фил и се промешуваат.
3. Истото се повторува и со останатите филови (секој еден се припрема во одделен сад).
4. Филот кој што се става врз секој еден слој се подготвува на следниот начин. Во сад се ставаат   павлаката и жолчките, а белките се матат на снег во друг сад и се додаваат во садот со жолчките и павлаката и внимателно се промешува.
5. Путерот се растопува.
6. Тавичката каде што ќе се печи колачот се премачкува со путер.
7. Тестото за основата се расукува тенко со големина да го прекрива садот каде што ќе се печи колачот, а исто така да прекрива и едн дел од ѕидовите.
8. Тестото се боцка со вилушка и врз него се става една кора.
9. Врз кората се посипува малку путер малку од филот со павлака и се става втора кора. Над неа се поставува 1/2 од млечниот фил и повторно се посипува малку путер и фил со павлака. Потоа се става една кора,  1/2 од филот со ореви и путер и фил со павлака.
Над филовите се става нова кора, над неа 1/2 од филот со мак и пак путер и фил со павлака.
Над овој фил се става повторно кора врз која се посипува 1/2 од преостанатата презла, над неа се распределува 1/2 од филот со јаболка и повторно путер и фил со павлака и јајца, над него се става една кора, се посипува со путер и фил со јајца и павлака и се става втора кора.
10. Над неа се започнува да се редат филовите и корите по истиот начин како и претходно.
11. Најгорната кора се премачкува со преостанатиот путер и фил со павлака и колачот на неколку места се прободува со нож до самото дно.
12. Се печи во загреана рерна на 180 степени за 90ина минути, колачот се остава да се олади целосно во садот каде што се печел и се сечи со остар нож, при што секој пат се бриши ножот за да можат убаво да се гледаат слоевите.
Тавичката е со димензии 27 на 20 сантиметри и е убаво да е со високи ѕидови.
-Ако сакате питата да е послатка ставете повеќе шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови