Превкусна пита од сладок компир преполна со бета каротен и витамин А.

- Овесните снегулки се мелат во брашно и се додаваат останатите состојки за подлогата. Добиената смеса се сплескува во тавче број 20 обложено со хартија. Се пече 10 минути на 175 Ц.
- Се блендира сварениот сладок компир заедно со бананата, медот, рогачот и таанот. Добиениот фил се нанесува врз оладената подлога од овесни снегулки и питата се става во фрижидер да се стегне 2 часа.
- Се декорира со кокос и какао во прав.

Напомена
Количината на мед варира во однос на вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови