Традиционална пита од јуфки или комат со јуфки која е карактеристична за Дебарскиот крај т.е моето родно место. Вкусот е преубав, превкусен, во комбинација со кисело млеко или чаша јогурт.

- Најпрвин пченкарното брашно го просејуваме (мал дел се остава на страна, за просејувавање меѓу корите), се додава белото брашно, солта и се се меша. Мешајќи со дрвена лажица се додава врелата вода (околу 350мл) се додека не се добие воедначено, средно меко тесто,
- Додека е сеуште топло, тестото убаво се измесува и се дели на 5-6 топчиња.
- Секое топче се сука во големина на плехот за печење (постојано посипуваме со брашно за да не се лепи кората на работната површина). Постапката ја повторуваме со секое топче, редејќи ги корите една над друга, а измеѓу ги премачкуваме со маслото и ги посипуваме со брашното, кое го издвоивме на почетокот.
- Јуфките ги вариме и ладиме. Го додаваме издробеното сирење, изматени јајца и сол по желба.
- Подготвениот фил го нанесуваме над корите.
- Печеме во загреана рерна 30-35 минути на 180 степени или се додека убаво не зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови