Се замесува средно меко тесто, кое не се лепи на раце од наведените состојки.
(Од целото млеко се става при активирањето на квасецот.)
Се остава на топло да го дуплира волуменот.
Потоа без премесување на набрашнета подлога се истура тестото, се развлекува во правоаголна кора и се сечат правоаголници.
Им се става фил, кој претходно го спремаме додека стасува тестото-значи по наша желба и што ќе ни се најди во фрижидер...)))
Се виткаат ролатчиња.
Се оставаат на набрашнета подлога да надојдат, некаде 15-20 мин..
Почнуваме со валкање во белка, па во презла и на пржење.
Се пржат во вжештена длабока мрснотија на умерен оган, со превртување.
Јас имам навика да ги плискам со лажица од маслото, кога ги ставам да се пржат.
Се пржат додека убаво поруменат.
Се вадат на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани