Многу вкусно јадење, а брзо, лесно за правење и превкусно!
1. Карфиолот се мие, се чисти и се става да се вари заедно со останатите состојки.
2. Јас имав смрзнат, па не го ставив веднаш да се вари со зачините, туку еднаш го ставив да се извари во чиста вода.
3. Откако ќе се одмрзне, истурете ја водата, премијте го уште еднаш па тогаш ставете да се вари со зачините. Прелијте го со вода – таа треба да го прекрие.
4. Оставете да се извари убаво, убаво да омекне околу 30 - 45 минути (проверете со виљушка) на средна јачина на рингла (3/1,5).
5. Откако ќе го сварите, исцедете го и оставете малку да се излади.
6. Потоа ставете го во блендер.
7. Од водата каде што се вареше карфиолот додадете во блендерот колку за две лажици црпалки.
8. Се блендира нецела минута и се послужува.

*Многу вкусно е вака подготвеното пире од карфиол, но мене ми е многу повкусно кога ќе го пропржам малку.
*Ако сакате да го пропржите, загрејте 2 – 3 лажици маслиново масло, па додадете го пирето. Пржете го на најниска јачина додека да пожолти малку. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови