Вкусна пирамида со орев и ресана која нема да ви одземе многу време за подготовка. Формата на пирамидата може да се направи и по ваша желба пример салама итн. најважниот дел се разбира е вкусот. Е па еве ја подготовката на оваа превкусна пирамида.

1. Во тенџере на оган ставете го млекото, маргаринот и чоколадото и оставете состојките да се растопат, мешајте повремено.

2. Бисквитите искршете ги со рака во еден сад (погледнете на слика 1). Додајте ги претходно мелените ореви, шеќерот во прав и претходно исечканата ресана на ситни коцки. Промешајте состојките да се соединат.

3. Во садот со бисквитите додајте ја смесата од чоколадо, млеко и маргарин, но смесата треба да биде млака, а не врела.

4. Со рака соединете ги состојките. Смесата јас ја поделив на три дела и направив три пирамиди. Сепак тоа е по ваша желба на колку дела ќе ја делите вие и како ќе ги оформите. Пирамидите ги оформив со рака.

5. Откако ќе ги оформите пирамидите посипете ги со кокос од двете страни.

6. Оставете час два пирамидата да стегне и исечете на парчиња од 1 см. Доколку ви се брза пирамидата ставете ја во замрзивач половина час па исечете ја.

ДОБАР АПЕТИТ....

Забелешка
Доколку не обожавате ресана слободно отстранете ја, а на местото од ресаната додајте, чоко бананчиња, желе бонбони итн....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани