Ова е летно јадење, кога дома ќе ви останат само пиперки. Брзо, лесно а превкусно. Јадењето го викаат пипер и вода, ама во суштина се динстани пиперки во вода.
Пиперките ситно се сецкаат и се стават да се пржат. Пржењето е околу 10-13 минути, додека да се зацрвенат.
Кога се готови, се става 250 гр вода, сол и се остава да изврие на тивко.
Отприлика е потребно 20 тина минутки. Кога ќе изврие водата, ќе остане сосот од пиперките. Самите пиперки си пуштаат убав шмек во водата. Прсти ќе излижете. .)
Јас овој пат користев само лути пиперки.
Ама секој си го прави по свој ќеф.
Си сервирав со урда и магдонос.
Направете си домашно лепче и на здравје мацкање од тавата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани