Во суво тенџере најпрво потпечете го сусамот. Додадете го маргаринот исечкан на коцки и чоколадото, па медот. Мешајте на умерена температура додека се растопат па потоа додадете ги во житарките. Убаво измешајте се да се спои и смеасата излијте ја во тава и убаво натапкајте ја.
Белото чоколадо со маслото стопете го на пареа и прелијте го врз житарките и оставете да се здрви. Потоа сечете на штангли или коцки.
Исто така, наместо во тава, измешаните житарки можи да ги ставате во купче со помош на лажица во хартиени корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови