- Пилешките гради малку посолете ги со сол и сув зеленчук или само со сол, поросете ги со бибер. Панирајте ги прво ставајки ги во брашното, потоа во разматените јајца, па во лебните трошки. Во тавата испржете ги и тргнете на страна поклопени да останат топли. Колку се покрцкави - толку повкусни.
Сос
- Во тавката растопете го путерот и ставете да се пржи постојано мешајки се додека стане стаклест. Во тој момент ќе го додадете и исекцаниот лук кој е доволно да се пржи заедно околу половина минутка. Тргнете ја тавата на стрната и додадете го кари правот, пилешката коцка, промешајте, залијте со водата, вратете на огнот и дозволете само да проврие. Додадете го соја сосот и десертното вино и нека вари на сосема тивок оган околу 10 мин. поклопено со капакот.
- Во сад растворете го пченкарното брашно со вода која ќе ја приагодите според потребата, треба да добиете не многу густа смеса. Долијте ја кај сосот, додадете го и медот, зачинете на вкус со бибер, сол, при самиот крај, нека заедно проврие околу 2 мин. Тргнете од огнот.
- Сервирајте го месото со прилог од компир или ориз, залијте со сосот.
Месото можете да го исечете на траки и да го ставите врз прилогот, да залиете со сосот или едноставно го сервирате до прилогот на самиот тањир или засебно.
Јас го сервирав врз сварен бел ориз кој беше лесно зачинет, а сосот понатаму ја има својата улога да го направи совршен.
Напомена
- Од поставените состојки за сосот се добива малку погуст сос. Доколку сакате поредок сос, тогаш ставете повеќе вода која можете да ја долиете при самиот крај ако оцените дека по ваш вкус е густ - нека проврие и тргнете настрана.
- Доколку немате десертно благо вино, од искуство знам дека слаткоста ќе ја постигнете ако додадете плус лажица мед. Овој сос не е од типот на Слатко-Киселите сосови. 

-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани