Превкусно јадење кое би им го препорачала на сите што го обожаваат спојот на пилешкото со печурките и павлаката, зачинето со, за мене прекрасниот вкус на кари. Јас посебно им се радував на печурките и прекрасниот шмек што го дава киселата павлака со крем супата од печурки.

1. Пилешкото месо се вари, се лади и се цепка на мали лентички. Се става во земјена тава (големина бр.26), се зачинува со кари и се посипува со сусам.

2. Свежите шампињони се сечкаат на кришки, се запржуваат со исечканиот кромид, зачинети со малку црн пипер и мешаниот сув зачин. Се распоредуваат врз пилешкото месо.

3. Киселата павлака се меша убаво со концентратот од крем супата од печурки и се распоредува во тавата врз печурките. Тавата се става во рерна, се вклучува и кога ќе се загрее на 220 степени се намалува на 200 и се пече околу 25 минути.

Овој вкусен рецепт може да се консумира и како оброк и како прилог, пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани