Најпрво стекот се сече на крупни коцки. Во тенџере со масло го пропржуваме кромидот. Потоа ги додавеме стекот и шампињоните и заедно ги пропржуваме. Откако ќе се пропржат стекот и шампињоните во тенџерето додаваме 200 мл. бело вино, 100 мл. вода, мешан сув зачин и бибер и го оставаме да се динста околу половина час.
За тоа време настрана во сад ставаме 300 мл. млеко, 2 лажици брашно, 3 лажици кисела павлака, 1 лажица сенф, 1 лажица мед и 2 рамни лажички кари. Сето убаво го мешаме да нема грутчиња. Кога стекот и шампињоните ќе се издинстаат и ќе извријат виното и водата се додава претходно подготвената смеса и се крчка со повремено мешање околу 5 минути за да се згусне сосот, а потоа се трга од оган и кога малку ќе се залади е спремно за сервирање.
Вака подготвеното пилешко со печурки во кари сос одлично оди со гарнир од ориз, компир, пире или златна мешавина.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови